Општина Карпош: Нема загадување на воздухот, инспекторите на терен

Општина Карпош информира дека врз основа на официјалните извештаи за квалитетот на амбиенталниот воздух од 31 јули до 3 август годинава не се евидентирани надминувања на ниту еден еколошки параметар кои се мерат од автомониторинг станицата лоцирана во ОУ „Петар Поп Арсов“.
- Во текот на денешниот ден нашите инспектори интервенираа кај Момин Поток каде беше запален шут и организирано, заедно со граѓаните тој е изгаснат. Нашите комунални инспектори постојано, односно 24 часа се на повик, а на терен се и во попладневните часови и во сабота и во недела, соопшти општина Карпош.
Во однос на превентивното делување, општина Карпош и стручните служби реализирале неколку инспекциски надзори во вечерните часови. Во акцијата спроведена на локацијата кај Воена болница, во заедничка координација со МВР и со Центарот за социјални работи., била иселена група на граѓани кои собирале и палеле секундарен отпад.
Вонредни инспекцииски надзори биле направени на потегот Момин поток, по улицата „Скупи“ и Телевизија Канал 5. Лоцирана била дива депонија која била опожарена и имала влијание на амбиенталниот воздух поради што се почувствувала непријатна миризба на чад од запалени гуми, но сторителите не биле пронајдени.
Инспекциските служби на општината во изминатиов период извршиле увид и долж течението на реката Вардар, од мостот Газела, Канал 5 телевизија со хотелот „Александар Палас“, се до болницата „Систина“ и утврдени се неколку депонии. Општина Карпош информира дека во координација со ЈП „Паркови и зеленило“ тие наскоро ќе бидат исчистени.
Општина Карпош информира дека располага само со еден овластен инспектор за екологија, а направени се контроли на 54 перални и механичерски работилници и над 50 сендвичарници и угостителски објекти како потенцијални загадувачи. Во делот на контрола на бучавата направени се 30 мерење и изречени се 28 казни. На секое мерење покрај акредитираната фирма за мерење бучава, присуствувал и нивниот овластен инспектор.
Ново на Сител
-

Јанчев: По три дена непрекината, макотрпна и пожртвувана работа, пожарот во село Раец е целосно изгаснат
-

Пад на цените на нафтата
-

Николоски: Македонија бележи рекорди во авио-сообраќајот, само во еден месец македонските аеродроми опслужиле над 460.000 патници
-

ЦУК: До 18 часот 14 пожари на отворен простор од кои само еден е активен
-

Косово бара од ЕУ да изврши притисок врз Србија за спроведување на Декларацијата за исчезнати лица
-

Тошковски: Водата во Гостивар сѐ уште не е безбедна за пиење, смее да се користи исклучиво како техничка
-

Двајца македонски државјани прогласени за непожелни во Албанија
-

Ѓорѓиевски: Парична помош за 456 онколошки пациенти во наредните два дена
