Општина Гостивар ги подновува средните училишта за новата учебна година
Во трите гoстиварските средни училишта се изведуваат работи на реконструкција и поправки на објектите и инсталициите. За оваа намена од општинската каса ќе се издвојат 550 илјади денари.
Според службата за информирање на општина Гостивар, летово, додека трае распустот предвидена е реализација на повеќе зафати со кои треба да се подобрат условите за настава.
- Во средното општинско училиште (гимназија) наскоро треба да отпочне обнова и поправка на системот за централно греење. Работите на овој зафат ќе чинат 313 илјади денари. Во соседниот објектот, во кој е сместено средното економско училиште ќе има интервенции за санација за што ќе се потрошат околу 90 илајди денари, информираат од општината.
Парите за подновувањето на училиштата ќе бидат издвоени од општинскиот буџет. На последната седница на Советот на општина Гостивар, беа одобрени 145 илјади денари, наменети за спортска сала во која ја користат учениците од гимназијата.
Најкрупните зафати се изведуваат во средното техничко училиште, каде во новиот објект се изведува целосна реконструкција на прозорците вратите и подот, Средствата за овој проект вреден З80 илјади евра се обезбедени преки Министерството за образование и наука.
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски
-
Гевгеличанец три месеци демнел татко со три малолетни деца и сакал да оствари несакан контакт
-
Солопатување: Добри и лоши страни
-
Реал Мадрид тргнува по Вилијам Салиба
-
Трамп: Ја спасувам Украина, доколку војната со Русија продолжи таа брзо ќе биде уништена
-
Времето утре наутро посвежо, преку денот сончево и потопло
-
Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени во близина на Нов Зеланд
-
Кремљ го отфрли предлогот на Киев за 30-дневно примирје