Општина Дебрца го санира фудбалското игралиште на „Сатеска“ во селото Волино
Општина Дебрца со сопствени финансиски средства во износ од милион и 484.286 денари го санира и реконструира игралиштето за голем фудбал во Волино на кое се натпреварува екипата „Сатеска“.
Според градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски, во рамки од проектот ќе се изврши санација и реконструкција на соблекувалните и простории за судии и делегати, изградба на кабини за резервни играчи, судии и делегати, изградба на метална трибина за гледачите, изградба на систем за наводнување за фудбалското игралиште и санација на постоечката ограда на игралиштето.
- Искрено се надевам дека токму од ова фудбалско игралиште ќе произлезат новите фудбалски ѕвезди, кои ќе претставуваат не само гордост на општината, туку и на цела Македонија, вели Трајкоски.
Екипата „Сатеска“ што го користи теренот во Волино се натпреварува во Третата македонска фудбалска лига – „југо-западен“ регион.
Ново на Сител
-
Тошковски: МВР издаде пасош за Јахоски по одлука на судот
-
50 години Институт за безбедност, одбрана и мир
-
Дел од синдикатите на средба со претседателот на Комисијата за економски прашања
-
Банско криe богата средновековна историја
-
Преглед на вестите од светот
-
Десеттина ученици се фатени како препишувале на првиот испит од државната матура – какви мерки им следуваат?
-
Со една изборна единица до поголема демократизација
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник