-->
-->
Општина Дебар издвои 300 илјади денари помош за Тетово
-->
Советот на општина Дебар на денешната попладневна седница одлучи да додели хуманитарна помош за Тетово во износ од 300.000 денари. За одлуката гласаа членовите на Советот од сите политички партии.
Од Дебар за настраданите подрачја од поплавите во Тетовско досега бизнис секторот и невладините организации испратија и над 50 тони облека и храна, амбалажирана вода, како и поголема сума пари.Во акцијата за хуманитарна помош за Тетово се вклучени и Општинската организација на Црвениот крст.
На денешната седницата дел од советниците побараа општината да извои средства кои ќе бидат наменети за набавка на амбалажирана вода која ќе биде наменета за мигрантите кои во Македонија влегуваат во Гевеглија. вт/лв/19:32
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мерката училишна кошница е во тек
-
Модернизација на Националниот електронски систем за документи
-
Независните кандидати не се закана за поголемите партии
-
Спасени 28 давеници во Охридското Езеро
-
Државата започна со откуп на пченица за стоковите резерви
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинението за пожарот во „Пулс“ чека оценка од судот
-
Трамп го прими Зеленски во Белата куќа