Општина Битола за проекти од областа на културата ќе издвои 14,7 милиони денари
Општина Битола во текот на годината културните активности утврдени со програма за развој на културата ќе ги финансира со 14,7 милиони денари.
Според локалниот буџет, најмногу средства се издвоени за работата на Културно информативниот центар (КИЦ) за чии активности се планирани еден милион денари, а соодветна финансиска поддршка ќе биде доделена и за традиционалните локални манифестации во градот.
За младинскиот арт фестивал „Битола отворен град“ се планирани 600.000 денари, фестивалот на староградска музика во старата битолска чаршија ќе биде поддржан со 240.000 денари, а светскиот ден на џезот ќе биде одбележан со културен настан за кој се планирани 150.000 денари. Фестивалот „Широк сокак во бело“ годинава општината ќе ја чини 600.000 денари, а за одбележување на Денот на Европа ќе се издвојат 120.000 денари.
Општина Битола со финансиски средства и логистичка поддршка ќе ги помогне и националните културни манифестации што традиционално се одржуваат во овој град како што се Фестивалот на монодрама, фестивалот „Илинденски денови“, ИФФК „Браќа Манаки“, „Мал битолски Монмартр“, фестивал на Музика од светот и театарскиот Шекспир фестивал.
Искористувањето на културата како ресурс за развој и начин на живеење според општинската програма ќе овозможи освојување на нови простори, заживување на старото градско јадро но и како што се нагласува опустошените рурални средини за кои е предвидено хортикултурно уредување и можност за развој на културниот туризам. Економската основа и материјалните претпоставки на културниот развој ќе се прошируваат и со обезбедување вонбуџетски извори на финансирање од успешни домашни и странски компании, меѓународни фондации што финансираат културни проекти и спонзорства, се посочува во утврдената програма за култура утврдена од Советот на Општина Битола.
Ново на Сител
-
ОАЕ се соочуваат со нагло зголемување на температурите ова лето, температурите достигнуваат 51,8 степени
-
Анкета на српските студенти во блокада: Поддршката за СНС под 40 проценти
-
САД може да бараат гаранции до 15.000 долари за некои туристички и деловни визи според новата пилот-програма
-
Вардар ја одреди цената на влезниците за дербито со Пелистер
-
Најчестите знаци на анксиозност кај децата
-
Земјоделските култури под топлотен стрес, се очекува врнежите да ја подобрат состојбата
-
Невреме во Скопје проследенo со пороен дожд, грмежи и силен ветер
-
Земјотрес на подрачјето Тетово - Гостивар со интензитет од три степени