Општина Битола со препораки до граѓаните за заштита од загадувањето
Општина Битола упати препораки до граѓаните за заштита на сопственото здравје од загадувањето на воздухот кое е последователно регистрирано деновиве во тој град.
Од Секторот за односи со јавност посочуваат дека граѓаните треба да го користат јавниот превоз, возилата да не се користат без поголема потреба или повеќе лица да се возат со едно возило во исто време.
- Порачуваме граѓаните правилно да ги користат печките на дрва, да не се врши затоплување на просториите со прегорено отпадно моторно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, парчиња гума или синтетички материјал, информираат од тамошната локална самоуправа и нагласуваат да се почитуваат препораките на Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје за начинот за заштита на здравјето на отворен простор и загадени зони во градот
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости