Општина Битола ја утврди програмата за функционирање на зимската служба

Општина Битола ја утврди програмата за организирање и функционирање на зимска служба на подрачјето на општина Битола за сезоната 2015/2016 година.
Со оваа програма утврден е начинот на организирање и функционирање на зимска служба на подрачјето на таа локална самоуправа преку одредување на обемот на работите и нивото на чистењето на снегот и голомразицата од коловозните површини, дефинирни се работите и обврските на сите учесници одговорни за нејзината реализација, потребната механизација, опрема, материјали и работна сила и потребните финансиски средства.
Од општина Битола информираат дека со програмата јасно се посочени обврските на корисници на деловни згради и деловни простории како што се Стоковни куќи, дуќани, продавници и слични објекти, за да преземат мерки за чистење на снегот и голомразицата пред своите објекти, како и обврската на станарите и закупувачите на станбените објекти кои исто така имаат обврска да го чистат снегот и голомразицата од тротоарите - патеките и приодите пред своите станбени згради. Исто така граѓаните ќе го чистат снегот од покривите и терасите при што се води сметка за безбедноста на минувачите, надворешните инсталации и сообраќајот, а исчистениот снег се собира пред зградите на начин што обезбедува непречен сообраќај, посочуваат од локалната самоуправа.
Коловозните површини предвидени за оспособување во зимски услови на ниво на општина Битола изнесуваат околу 180 км и нивното расчистување се одвива според приоритети, а чистењето на снегот и мразот од улиците во Стара чаршија и „Широк сокак“ во Битола ќе се врши и со задолжителено остранување на снегот и мразот.
За реализација на програмата ќе бидат набавени 300 тони индустриска сол, 300 метри кубни песок-ризла и 30 тони ладна асфалтна маса. Според првичните пресметки на општината, за функционирање на зимската служба ќе бидат обезбедени околу 13,7 милиони денари.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

75 годишна жена почина - Возачот побегнал откако ја прегазил во центарот во Скопје
-

Филипче не се откажува од техничка Влада, Мицкоски пак, не се откажува од лидерска средба
-

Обвинителката Ленче Ристоска бара извинување од премиерот Мицкоски, од Влада велат дека се зачудени
-

Во недела ќе се бира градоначалник во четири општини
-

На располагање сите човечки и материјални ресурси
-

Зголемен број на пациенти со грип на инфективна после нова година - Едно лице е во критична состојба
-

Лажен лекар успеал со измама да „заработи“ близу 20 000 евра
