Општина Аеродром изврши контроли на над сто угостителски објекти, ќе се проверуваат и станбените згради
Инспекциските служби на Општина Аеродром во текот на минатата недела извршиле контроли на околу 100 угостителски објекти кои работат на територијата на општината.
Општината денеска информоира дека во тек е обработка на податоците собрани од терен и се изготвува анализа за состојбата со исполнувањето на законските одредби и подготвеноста на објектите за вршење угостителска дејност.
- Исто така, Општина Аеродром веќе изготви план за контрола на хидрантските мрежи во станбените згради, за пристапите, како и за излезите од објектите за колективно домување и од понеделник, во соработка со куќните совети и со управителите на станбените објекти, ќе започне инспекција за состојбата во зградите, соопшти Општината.
В. д. градоначалникот Дејан Митески во вторникот, на 18 март, испратил барање до сите основни училишта и градинки „во најкус можен рок да достават одговори за состојбата со хидрантските мрежи во објектите, како и за ажурирањето на апаратите за гасење пожар“.
- Потребно е да достават и елаборати за противпожарна заштита, како и планови за евакуација. Општина Аеродром прави сѐ што е во нејзина надлежност за зачувување на безбедноста на граѓаните и обезбедување на сите услови за непречено одвивање на секојдневието, како на физичките, така и на правните лица, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Мирен марш за поддршка на Епископот Партениј
-
МПЦ-ОА одбележа 1700 години од првиот собор во Никеја
-
Бања од римски период откриена во приватен двор во струмичко Баница
-
Салите во ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп отворени и оспособени за одржување на настани, актерите бараат нов театар
-
Кинеските инфраструктури и нивното влијание
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден пилот и ниту еден ер трактор - како ќе се гаснат летово пожарите?
-
Тема на денот со Арбен Таравари