Македонија
18. November 2025 - 16:41

Опозициски пратенички прашања: Бугарија, ИПАРД афера, извештај на ЕК

Зошто не се прекинат преговорите со Бугарија и зошто не се укине мешовитата историска комисија? Пратеникот на Левица, Реџеп Исмаил, со прашање до министерот за надворешна политика Муцунски за последните состаноци на историчарите. Шефот на дипломатијата пак, вели ваквите прашања се провокација, на која едвај чека бугарската страна.

Од СДСМ пак, побараа оставка од министерот за земјоделство Цветан Трипуновски поради истрагата за злоупотреба на ИПАРД средствата, но тој не беше на седницата. Велат дека со договорите од европската помош доцнат и дека земјоделците ќе останат без пари.

Пратеничката Тренчевска пак, го повика на одговорност министерот за правда Филков за лошите оценки што државата ги доби за правдата и правосудното законодавство. 

Ова не се единствените пратенички прашања месецов. Ваква седница, според Деловникот, треба да се одржи и на 27 ноември.