Oпозицијата со едночасовна блокада на националниот сообраќај во Албанија
Обединетата албанска опозиција денеска ќе одржи едочасовен протест, со блокирање на националниот сообраќај во периодот од 11 до 12 часот.
Лидерот на најголемата опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша рече дека тоа ќе биде мала жртва, но голем дар за „Нова Албанија“.
- Секој Албанец е повикан да се придружи. Еден час блокада на националниот сообраќај е мала жртва, но голем дар за Нова Албанија за да се блокира шверцот на дрога, против криминалот, за да се обезбедат основните слободи на граѓаните, што ќе биде гаранција за благосостојба на граѓаните. Не заборавете, еден час сите заедно одлучни и мирољубиви, порача Баша.
Тој упати апел, како што рече, да се блокира злото, за да се отвори патот на доброто за секој албански граѓанин, со отстранување на дрогата и криминалот и обезбедување на граѓаните слободни и фер избори.
Актуелниот премиер и лидер на владејачката Социјалстичка партија Еди Рама, упати апел до граѓаните да не излегуваат на повикот на опозицијата за блокада на националиот сообраќај.
Тој ја обвини Демократската партија дека не ја сака рефромата во правосудството и оти не сака да излезе на избори бидејќи стравува од пораз.
Според Рама, ДП посакува дестабилизација на земјата со понеделничкиот протест, кој „не го блокира само патот на правосудството, туку и оној во правец на ЕУ“.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата