-->
-->
Опожарени два автомобила во Скопје, нема повредени
-->
Во СВР - Скопје утрово, во 2:25 часот, било пријавено дека на булевар „Видое Смилевски - Бато“ во Скопје настанал пожар во патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.Д.(38) од Скопје.
- Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема, се наведува во МВР-билтенот.
Во вториот случај, пак, утрово во 3:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во дворот на Б.Л.(48) од скопското село Кадино, општина Илинден, настанал пожар во неговото патничко моторно возило „фиат 500“ со скопски регистарски ознаки.
Сопственикот сам го изгаснал пожарот, а повредени лица нема.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Јаневска: Нема бришење и поправање оценки во новиот е-дневник
-
Онкологот Мери Пешевска призна вина во случајот „Онкологија“, Васев не се чувствува виновен
-
Преглед на вестите од светот
-
Одложена седницата за надзор на АНБ
-
Јаневска: Училиштата да водат сметка за состојбата на учебниците
-
Преглед на вестите од светот
-
Иванов: Секое решение за Вардариште ќе трае со години
-
Тема на денот со Татјана Чакулев, О2 иницијатива