Опожарена куќа во Куманово, гореле стрниште и слама во Старо Нагоричане
Три интервенции бележат противпожарните единици на Куманово и Старо Нагоричане за изминатава ноќ, соопшти денеска Регионалниот центар за управување со кризи Куманово. Кумановската противпожарна единица интервенирала на опожарена куќа, додека пожарникарите од Старо Нагоричане гаселе пожари запалено стрниште и сува трева во атар на село Драгоманце и на слама во село Канарево.
– Територијалната противпожарна единица Куманово интервенираше од 23:33 до 00:45 на запалена куќа спроти ресторанот „Корнер“. На пожарот интервенирано било со едно возило и пет пожарникари, соопшти РЦУК.
Противпожарната единица на Старо Нагоричане гасела пожари интервенирала во село Драгоманце на запалено стрниште и сува трева во периодот од 12:00 до 13:00 ч. каде учествувале со едно противпожарно возило и двајца пожарникари.
– Втората интервенција е во село Канарево на запалено ко па од слама во периодот од 13:00 до 15:00 часот каде учествувале со противпожарно возило и двајца пожарникари, соопшти РЦУК Куманово.
Ново на Сител
-
Стратешко партнерство со Британија
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Тема на денот со Гоце Димовски, директор на ТИРЗ
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Се повеќе млади страдаат од ментални заболувања, предупредуваат лекарите по општа и семејна медицина
-
Завршија мировните преговори помеѓу Русија и Украина
-
Лидерите од Европа на самит во Тирана - проширувањето е важно за Унијата
-
Меџити потврди влез на нови пратеници во мнозинството