Опожарен кафе-бар во Куманово
Кумановските пожарникари во два часот изутринава интеревенирале на опожарен угостителски објект, лоциран на булеварот „Трета македонска ударна бригада“ на локалитетот „Поток Серава“.
Како што информира командирот на Територијалната противпожарна единица Куманово Дејан Илиевски, пожарот бил пријавен во 1.52 часот по полноќ, а целосно бил локализиран во 3.25 часот.
- Интервенрирано е со две противпожарни возила и шестмина пожарникари, додаде Илиевски.
Во пожарот причинета е значителна материјална штета, целосно се опожарени масите, столовите и целокупниот инвентар во објектот. Покрај овој објект, од пожарот штета имаат и становите лоцирани над кафе-барот, оштетени се стакла на прозорците и зачадена е внатрешноста на становите. Екипа на СВР Куманово изврши увид на местото.
Ново на Сител
-
Без вода утре дел од Карпош, струја ќе немаат делови од Аеродром, Зелениково и Сопиште
-
Истополовите машки парови во Грција законски немаат право да добијат дете со помош на сурогат мајка
-
Во Русија се спроведува нова мобилизација, најголема во последните 14 години
-
Србија и Црна Гора ќе поднесат заедничка кандидатура за домаќини на машкото ЕП во одбојка
-
Стејт департмент: Трамп ја отфрли идејата за странска управа во Украина
-
Лишен од слобода возачот кој со возило удри велосипедист во Скопје
-
УНИЦЕФ: Најмалку 322 деца наводно убиени во Газа по прекинот на огнот
-
Кривична за 10 припадници на ЕБР за злоупотреба на службена положба и овластување