Оперативен тим под раководство на БЈБ ќе се справува со хибридните закани
– Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница по зачестените дојави за бомби во државава вчера на состанок оцени дека безбедносната состојба во земјава е стабилна и донесе одлука да се формира оперативен тим за сајбер безбедност и хибридни закани.
-Безбедносно-разузнавачката заедница е во секојдневна меѓусебна комуникација и координација, како и со меѓународните партнери од безбедносниот сектор со кои постојано работат на размена на информации и искуства во справувањето со хибридните закани, соопштија од Владата по седницата на Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница.


Министерката за одбрана Славјанка Петровска вчера оцени дека реална закана за безбедноста на нашите граѓани нема, но лажните дојави за бомби не треба да останат така, туку треба да се работи посериозно на откривање на сторителите за да знаеме точно од кого се предизвикани и што е целта на ваквите дојави.
– Една од претпоставките е позицијата на Република Северна Македонија во поглед на конфликтот во Украина, односно јасното застанување на страната на правдата во оваа држава. Целта на лажните дојави е да се предизвика паника и недоверба во институциите меѓутоа и паника кај населението. Но, кога ќе видите дека главната цел е психичка дестабилизација и негативно влијание врз граѓаните, сите претпоставки се отворени, рече Петровска во одговор на новинарско прашање.
Координацијата за лажните дојави за бомби се одвива помеѓу министерствата за внатрешни и за надворешни работи, но се вклучува и Министерството за одбрана со своите капацитети и со военото разузнавање.
– Оние информации кои пристигнуваат до нас ги споделуваме со МВР и МНР со цел да се направи стратегија за побрзо и поефикасно дејствување. И од искуствата од земјите во регионот, па и пошироко се гледа дека кога станува збор за ваков тип на дејствување откривањето оди многу побавно заради тоа што се користат современи алатки на комуникации за кои е потребно малку повеќе време. Останува на институциите да работат уште посилно во откривањето, меѓутоа и во зајакнувањето на сопствените капацитети со цел да ја гарантираат безбедноста на граѓаните, потенцира Петровска.
![]()
Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, пак, вчера оцени дека формирање агенција за кибер-безбедност ќе овозможи државата да биде поподготвена за кибер напади, како оние кои се одвиваат во изминатиот период. Меѓутоа, како што истакна тој на прес – конференција, формирањето ваква агенција е поврзана со процесот на реорганизација планирана за во 2024 година. Информира дека поради тоа МИОА за следната година ќе предложи проект насочен кон овозможување на кибер-безбедност. Во однос на овозможување на кибер-безбедост во држава, додаде, веќе, се разговара за законска рамка.
-Фактот што ние се уште немаме ниту дигитална агенција ниту агенција за кибер-безбедност, таа обврска ја има засега Министерството, ние имаме обврска и во законскиот дел. Токму денеска доаѓам од настан со УСАИД на кој разговаравме каква законска рамка да имаме за кибер-безбедноста за да бидеме како држава поподготвени, истакна министерот.

По Германската амбасада вчера и Амбасадата на Соединетите Американски Држави во земјава издаде безбедносно известување за граѓаните поради дојавите за бомби. На веб-страницата на Амбасадата на САД се апелира дека „доколку се најдете на локација на која има дојава за бомба, следете ги упатствата на лицата одговорни за безбедноста и полицијата“.
Минатата недела повеќе објекти во државава беа евакуаирани поради дојави за експлозивни направи, за кои, како и во претходните денови, се утврди дека се лажни по проверките од единиците на Министерството за внатрешни работи. За дојавите за бомби надлежните ги известиле и НАТО структурите, а во МВР беше формиран посебен штаб.
Во меѓувреме, после викендот во кој немаше дојави за бомби, вчера попладне пристигнаа нови закани за поставена експлозивна направа на електронските адреси на 16 училишта во Скопје (14 средни и две основни). По завршената проверка од страна на тимови за антитерористички проверки и за нив беше утврдено дека станува збор за лажни пријави.
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај Црник
-

Шпанската полиција заплени 1,5 тони кокаин, меѓу уапсените е и еден хрватски државјанин
-

Пезешкијан: Меморандумот за разбирање со САД е најдобриот начин да се реши војната
-

Ангелов: Попладнево активни повеќе од 15 пожари, два од нив загрозуваат и населени места
-

Украина и Финска потпишаа договор за производство на дронови
-

Арагчи: Новите американски санкции се знак на очај и нема да го скршат Иран
-

Американските авиони поради кои Техеран и се закани на Софија ја напуштија Бугарија
-

Путин: Глорификацијата на нацизмот и неонацистичката идеологија е во темелите на модерната украинска државност
