Операција „Адмирал“: Разоткриена измама со ДДВ од 2,9 милијарди евра
Европското јавно обвинителство во Рига (Летонија) и Вилнус (Литванија) во последните два дена мобилизираше 624 полициски службеници за претреси и апсења во 16 држави како дел од голема истрага за измама со ДДВ.
Според Европското јавно обвинителство, истрагата „Адмирал“ разоткрила криминален синдикат кој спроведувал сложена шема за измама со ДДВ преку трговија со електронски производи.
Операцијата, која започнала во ноември 2022 година, се смета за најголема измама со ДДВ во историјата на ЕУ, со досега откриени штети од 2,9 милијарди евра.
Осомничените користеле „софистицирана криминална шема која ги искористила правилата на ЕУ за прекугранични трансакции меѓу земјите-членки, бидејќи тие се ослободени од данок на додадена вредност“.
Според истрагата, осомничените основале компании во 15 земји-членки на ЕУ кои дејствуваат како легитимни добавувачи на електронски стоки.
Тие продале популарни електронски уреди во вредност од над 1,48 милијарди евра преку онлајн пазари на клиенти лоцирани во ЕУ.
Од своето основање, Европското јавно обвинителство главно се фокусираше на прекуграничната измама со ДДВ.
Во средината на ноември, истрагата „Моби Дик“ испитуваше потенцијална измама со ДДВ за 520 милиони евра, што доведе и до апсења во Бугарија.
Според истрагата, луѓето поврзани со неколку мафијашки кланови создале високопрофитабилна шема за затајување данок.
Случајот „Моби Дик“ се фокусира и на даночна измама преку продажба на опрема и синџири на дилери, а главни осомничени се мафијаши од Италија. ссм/фото:Европско јавно обвинитлство.
Ново на Сител
-
Саша Поповиќ се лечел во Париз, за болеста дознал случајно откако скршил нога
-
Руте побара од Зеленски да ги поправи односите со Трамп
-
Дуда: Украина треба да се врати на преговори со Трамп
-
Почина Саша Поповиќ, основачот и директор на Гранд продукција
-
Александар Стефанов нов претседател на Ракометната федерација на Македонија
-
Пробале да го легитимираат, а тој со возилото удрил во полициско службено возило
-
Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени пет дилери
-
По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица