Опциите на Доналд Трамп на Блискиот исток
Проџект синдикејт - Прага
Избраниот претседател на САД, Доналд Трамп, кажа многу нешта за надворешната политика, всушност беа да каже ништо. Нејасните изјави не даваат голема претстава каков ќе биде надворешнополитичкиот курс кој тој навистина ќе го следи, и нема особени основања да се смета дека кога неговиот план ќе стане јасен, тоа ќе биде она од кое има потреба САД или светот.
Трамп е бизнисмен, а не државник. Тој мисли за непрекинатите заработки и загуби и тоа се гледа од неговите изјави дека американските сојузници треба да имаат поголем прилог во алијансите за безбедност. Во период на нови предизвици и се повеќе закани, придржувањето кон тој тесноград, изолациски став тешко дека ќе доведе до нешто добро.
Еден од регионите кои Трамп нема да може да ги игнорира е Блискиот исток. САД ќе бидат вовлечени во кризата во Сирија, иако таму Трамп нема особено голем избор. Сепак американските „умерени“ џихадисти сојузници не се поприфатливи од претседателот Башар Асад, а тнр. Исламска држава се уште сосема не е победена.
Поранешниот градоначелник на Њујорк, Руди Џулијани, близок советник на Трамп и веројатен член на неговата влада, го дефинираше растурањето на Исламска држава како најважниот надворешнополитички приоритет на новата администрација. Трамп тврди дека знае „повеќе за Исламска држава од генералите“. Но тоа е малку веројатно. Во краен случај, единствениот начин целосно да се разбие движењето кое процветува во услови на хаос, е да се изградат силни и компетентни држави, а Трамп нема ниту доволно желба, ниту трпение да го направи тоа.
Ако Трамп избере чисто воен план, ќе сфати дека секоја „победа“ само отвора нова територија за насилство и терор. Освојувањето на Рака и Мосул од воената коалиција предводена од САД ќе ги подобри позициите на Вашингтон меѓу нејзините сунистки сојузници, но истовремено ќе се намали притисокот врз оската Русија-Иран-Хезболах. Повлекувањето на Исламска држава, шиитиските милиции поддржани од Иран ќе почнат масовно да ги убиваат сунитите во Мосул“. Потресите и притисокот врз сунитите кои ќе следуваат уште повеќе ќе го потикнат тероризмот - било на Исламска држава, било на сосема нови групации.
Каков курс и да заземе Трамп во Сирија, тој со сигурност ќе биде под влијание на рускиот претседател Владимир Путин. Трамп треба да ја тргне зависноста на САД од Русија во војната во Сирија, за да им парира на напорите на Путин да ги искористи своите позиции во Сирија за зголемување на влијанието по прашањето за Украина.
Се развира, не е сигурно дека Трамп ќе посака да му се спротивстави на Путин, за кого избраниот претседател се изрази со восхит. Но високи американски воени претставници и службеници од областа на безбедноста, како и републиканските сенатори како Џон Мекејн, најверојатно нема да му дозволат на Трамп да „ја врати величината на Русија“ ако се откаже по прашањето за Сирија и за Украина. Ако се отстапи од Украина, тоа само ќе ги засили позициите на Русија во регионот, кој таа го смета за своја „сфера на влијание“,а тоа би можело да доведе до распаѓање на НАТО.
Ако се суди по неговите изјави за време на предизборната кампања, Трамп можеби не се плаши од распаѓањето на НАТО - или на кој било друг сојуз за безбедност на САД, барем не засега. Но резултатите може да се катастрофални, најмалку затоа што недостигот на американски гаранции и структури за безедност може да го стимулира распространувањето на атомското оружје.
Особено аларманно е ветувањето на Трамп да го суспендира договорот за иранската нуклеарна програма. Иран го подготвил Хезболах како свој силен сојузник кој ќе дејствува место него во ситуации во кои треба да ги одврати нападите од неговите непријатели. Покрај тоа што суспендирањето на договорот за нула време ќе го претвори Иран во нуклеарна сила. Во регион без систем за општа безбедност, терористичките групи лесно можат да се здобијат со нуклеарни инсталации.
Ако се има предвид сето ова, ќе биде разумно оние сојузници на САД на Блискиот исток со кои се влошени односите - со Саудиска Арабија, Египет и Израел, да престанат да се противат на договорот со Иран, и наместо тоа да го убедат Трамп да го почитува. Исто така, ветувањето на Трамп да го намали финансирањето на странски сојузници како елемент од неговата поширока стратегија „Америка пред се“ би требало да ја излади радоста кај нив од неговата победа.
Друг „отуѓен“ сојузник да ги формира одлуките на Трамп за Блискиот исток е Турција, која во последниве месеци се обидува да ги подобри односите со Русија. За да ги запази двостраните односи, Трамп ќе треба да го жртвува сојузништвото на САД со курдите, чии воени одреди во Сирија и Ирак се најнадежните сојузници на Вашингтон во битките за Мосул и Рака.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган може да посака Исламска држава да биде разбиена, но уште послно сака да ги уништи амбициите на курдите за самоуправа. Наградувањето на курдите за нивната помошта преку поддршка на нивните обиди за создавање на држава ќе биде толку неприменливо што за да го спречи тоа, Ердоган може дури да се обиде и го спречи поразот на Исламска држава. Ако на тоа се додаде и опозицијата по тоа прашање од страна на Ирак, Сирија и Иран, станува јасно дека курдската независност не е дел од играта.
Но создавањето на палестинска држава би требало да биде. И Трамп истото го кажа, иако на свој хаотичен начин и така ги потхрани надежите на некои Палестинци дека неговиот избор може во краен случај да биде во нивна полза. Фанатичното антинаселеничко движење во Израел всушност го има сосема обратниот впечаток и смета дека победата на Трамп е решение на неограниченото шрирење на доселенички населби на палестински земји.
Во краен случај, начинот на кој Трамп ќе го искористи влијанието на САД во израелско-палестинскиот конфликт - единствениот проблем на Блискиот исток по кој американското влијание е неспорно, може да зависи од тоа што се случува таму, на лице место. И поконкретно, офанзивата за изградба на доселенички населби може да заврши со посебно жестока трета палестинска Интифада.
Но Трамп не треба да чека да се стигне до криза која ќе му го поставува дневнот ред. Наместо тоа, треба да признае дека во моментов повеќе од кога било по 1948 година, сунитските сојузници кои се изладени кон САД, имаат силен стимул да се помират со Израел и да соработуваат со него за регионалната безбедност, како и дека таквиот договор може да биде легитимен само при создавање на палестинска држава. Ако се има во предвид дека тоа ќе помогне во помирувањето на САД со арапските земји, во интерес на американската национална безбедност, Трамп не треба да се колеба да ја преземе иницјативата.
Шломо Бен Ами е поранешен израелски министер за надворешни работи. Тој е потпретседател на Меѓународниот центар за мир во Толедо. Автор е на книгата „Лузните на војната: раните на мирот: Израелско-арапската трагедија“.
Ново на Сител
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек