-->
-->
Опасност од пораст на нивоата на реките во западна Бугарија
-->
Бугарскиот Национален институт за метеорологија и хидрологија денеска соопшти дека од утре се очекува значително зголемување на нивота на реките во западна Бугарија, јави БТА.
Во соопштението на Институтот се наведува дека е неопходно „зголемено внимание“ на реките западно од Искар, на средниот и долниот тек на оваа река, како и на горните и средните текови на Јантра и Струма и горниот тек на Места.
Ваквото предупредување се должи на зголемениот обем на врнежи во Бугарија, што може да предизвика раст на нивоата на водите во реките во следните два дена.
-->
-->
-->