ОН: Опасен преседан суспендирањето профили на новинари на Твитер

Обединетите нации денеска оценија дека одлуката на „Твитер“ да суспендира профили на неколку новинари претставува „опасен преседан“, во време кога новинарите ширум светот се соочуваат со цензура, физички закани и уште полоши работи, изјави портпаролот на ОН Стефан Дижарик.
Дижарик нагласи дека ОН се „многу вознемирени“ од „произволното суспендирање“ на новинарите од „Твитер“.
Тој порача дека гласот на медиумите не смее да се замолчува на платформа која тврди дека дава простор за слобода на говорот. „Твитер“ ги суспендираше профилите на неколку новинари од „Њујорк Тајмс“, „Вашингтон пост“, „Си-Ен-Ен“ и од други медиуми што неодамна критички пишуваа за неговиот нов сопственик Илон Маск.
Компанијата не објасни зошто ги отстранила профилите на новинарите и ги избришала нивните претходни објави.
Ново на Сител
-

Депонијата Буково канцерогена бомба
-

Костенот едно од традиционалните бележја во Македонски Брод
-

Преглед на вестите од светот
-

Поплави во југозападна Македонија – Жителите најавуваат тужби за штетите
-

Тема на денот со Зијадин Села, претседател на Алијанса за Албанците
-

Три години казна затвор за Асани во случајот со Веапоска
-

Мицкоски од Тирана: Планот за раст е повеќе од иницијатива, тој е заложба за вистинска промена
-

Одреден куќен притвор за двајца даночни инспектори, Обвинителството најави жалба
