Опаѓа бројот на новозаразени со Ковид-19

Континуирано опаѓа бројот на новозаразени со вирусот Ковид-19, па така според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, од 3.143 тестирања регистрирани се 37 нови случаи.
Следствено на тоа, и бројот на приеми во болниците е се помал. Како што соопшти вчера Министерството за здравство, вкупно 329 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните одделенија во Скопје и во болниците во другите градови, а има околу 575 празни болнички кревети во ковид-центрите.
Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.
Според податоците од Институтот за јавно здравје, вчера се пријавени вкупно 15 починати лица, а регистрирани се 69 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.063, бројката на оздравени пациенти е 146.869, на починати е 5.311, а бројот на активни случаи изнесува 2.883.
За состојбата да остане стабилна, меѓутоа и да се стави крај на пандемијата, Министерството за здравство и министерот Венко Филипче апелираат на што помасовно вакцинирање на граѓаните.
На вакциналните пунктови во државата заклучно со завчера, вакцинирани се вкупно 220.733 граѓани. Прва доза вакцина завчера примиле 4.123 граѓани, а вкупно, истиот ден, се вакцинирале 4.148 граѓани.
Во државата, како што соопшти Министерството за здравство, вкупно се аплицирани 259.577 дози вакцини, а ревакцинирани се 38.806 граѓани.
– Со последните бројки 45,7 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 39 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, соопшти вчера Министерството.
Вакцинацијата, оценуваат, се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега 398.243 граѓани изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk.
Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk , а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица и Охрид.
Ново на Сител
-

Обвинет и притворен маж за повеќе намерно предизвикани пожари на југот на Франција
-

Бројот на потврдени случаи на заболени од ебола во Конго се зголеми на 3.262
-

Зеленски разговараше со Трамп за лиценци за „Патриот“ и поддршка за противвоздушната одбрана
-

Мерц во Даблин побара кратење на стотици милијарди евра од буџетот на ЕУ
-

Пожар во велешката месност Дорутовец, активирани два авиона „ер трактор“
-

Пожар на грчкиот остров Парос - пораки за евакуација на пет села
-

Нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“: МВР апелира граѓаните да не споделуваат податоци
-

ФЗО исплати рекордни 560,9 милиони денари за боледувања, најмногу за породилни отсуства
