Онкологија: Обвинувањата од Мицкоски се неосновани, не станува збор за никакво ново откритие или скандал
Апсолутно не станува збор за никакво ново откритие или скандал кој беше објавен од страна на Христијан Мицкоски. Наводите и документите кои беа објавени се дел од документацијата која уште од почетокот на истрагата е предадена на сите истражни органи. Истата документација е во целост предадена и на Анкетната комисија, се вели во реакцијата на Клиниката за радиотерапија и онкологија-Скопје на наводите искажани од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната прес-конференција.
- Во однос на конкретните обвинувања би сакале во целост да ги отфрлиме обвинувањата. Прво, за ненавременото добавување на лекови и обвинувањата дека намерно не се давани негативни референци за компаниите добавувачи, фактите се следни. Клиниката од добавувачите повлекува количини лекови најчесто на месечно ниво. Заради зголемени потреби и нови пациенти, често се случува побрзо исцрпување на повлечените количини и истите да се потрошат порано од планираното. Во тие случаи на добавувачите им треба време за испорачување на нови количини. Ова не може да биде предмет на негативна референца. Дополнителна причина за одредени лекови е глобален или регионален недостаток кој е честа појава за време и по пандемијата, се наведува во реакцијата од ЗУ УК за радиотерапија и онкологија - Скопје.
Како неосновано и погрешно, од Онкологија го оценуваат обвинувањето дека на Клиниката се набавувале лекови на залиха Тврдат дека количината за која се обвинува дека била вишок на залиха, не само што не е залиха туку била неопходна потреба и е во количина за мал број пациенти, и тоа од едниот лек само за 9 пациенти од друг лек за 5 пациенти.
- За еден од лековите (Абиратерон) воопшто и немало залиха и жалиме што со вакви неточни информации се манипулира јавноста. Ваквата пракса на менаџирање со лековите на УКРО е нужна и исправна за да не дојде до застој во давањето терапија, додека се завршат постапките за нови набавки. Уште еднаш апелираме и замолуваме да се престане со политизација на судскиот процес и оцрнување на Клиниката. Клиниката е транспарентна и отворена за сите институции за овој случај, вклучително и за Анкетната комисија. Ваквите политички манипуларани презентации на документација која не е ниту тајна, ниту скриена е само обид за злоупотреба на УКРО за дневни политички цели, стои во реакцијата од Клиниката за радиотерапија и онкологија на вчерашните наводи на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијаn Мицкоски.
Ново на Сител
-
Гвардиола: Никогаш не сум имал поголема верба во моите играчи
-
Поранешниот хрватски министер за здравство пуштен од истражен затвор да се брани од слобода
-
Шефовите на дипломатиите на арапските земји бараат итен прекин на огнот во Газа и Либан
-
Кривична за вработена во градинка, и се заканувала на нејзина колешка
-
Семеен масакр во Турција: Ги убил сопругата, детето и родителите, па се самоубил
-
Лекар од Гевгелија нападнат од возач во Итната медицинска помош
-
Приведено лице од Кочани, ВИН бројот во неговата сообраќајна дозвола и на возилото не се совпаѓале
-
Вучиќ: На грубоста, невоспитанието и ароганцијата ќе одговориме со уште повеќе работа