Онкологија доби медицинска опрема донација од Австралија
Донација во медицинска опрема во вредност од 3 милиони австралиски долари обезбеди гeнералниот конзул на Република Македонија од Мелбурн, Бети Коруновска, во соработка со Министерствата за здравство на РМ и на Австралија,
Станува збор за комплетен современ систем (акцелератор) за радиотерапија, за лечење малигни заболувања кој ќе биде инсталиран на Клиниката за радиотерапија и онкологија во Скопје.
Како што се наведува во соопштението од генералниот конзулат на Македонија во Мелбурн, донацијата е обезбедена во соработка на ДКП-ата на РМ во Австралија со Колин Хорнби, советник во Министерство за здравство на Викторија, Катерина Алексовска-заменик советник во Министерство за здравство, Алдо Ролфо генерален менаџер на Радиолошка онкологија за Австралија, Џон Варгесе - Комерцијален директор на Радиолошка онкологија и грижа за срце на Викторија, претставници на Вариан Линак од СР Германија, Џенесис Кеар - австралискиот водечки провајдер за радиолошка онкологија и Министерството за здравство на РМ кое ги обезбеди бараните специфични услови од страна на австралиските институции.
- Подготвеноста на Република Македонија да одговори позитивно на сите барани услови во предвидените рокови, ги даде своите резултати- опремата пристигна во Македонија, завршени се сите постапки кои се однесуваат на превоз, шпедиција и царинење и по завршување на подготвителните активности, се очекува нејјзино инсталирање на Клиниката за радиотерапија и онкологија во Скопје. Со оваа донација направен е важен исчекор во заземање повисоко место на Република Македонија, во светските статистики од областа на здравството, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Петрушевски: Каде се СДС сега да го нападнат главниот обвинител Коцевски или да прашаат за некоја истрага?
-
И годинава атракција пловењето по Охридското Езеро
-
Македонија единствена држава на Балканот која нема своја историска база на податоци
-
Преглед на вестите од светот
-
Новите 352 пожарникари потпишаа договори
-
Тема на денот со Петар Богојески, Македонски концепт
-
Битката за Чаир клучна на локалните избори
-
Осуда од ВЛЕН за навивачките скандирања