Loading Video...
Свет
16. January 2022 - 16:30

Омикрон ги менува правилата

Вирусот Омикрон забзрано се шири, но симптомите се поблаги. Државите во дилема – дали да ги олабават мерките или повторно да воведат локдаун? Австриската Влада денеска го престави нацрт законот со кој  од 1 февруари воведува задолжителна вакцинација за лицата над 18 години. Исклучок се бремените жени, кои од медицински причини не смеат да се вакцинираат. Секој кој не е вакциниран – ќе биде казнет од 600 до 3.600 евра. Задолжителна вакцинација за граѓаните над 60 годишна возраст од утре стапува на сила и во Грција. Сите кои нема да се вакцинираат месечно ќе плаќаат по 100 евра казна.

Растечкиот број новозаболени, над 370,000 за 24 часа, ги натера властите во Франција да воведат построги мерки. Забранет е влезот за невакцинираните  во угостителски објекти, јавни институции, возови или авиони. За разлика од Франција, во Данска има олабавување на мерките. И покрај тоа што дневно заболуваат над 20 илјади лица. Инаку во оваа држава вакцинирани се 80% од граѓаните, а трета доза примиле 55 отсто од населението.

Во Шпанија, на вирусот се гледа како на грип, на сила е само носењето маска, а влез е дозволен само за вакнинирани и со негатиевн ПЦР тест.

Во Велика Британија иако вакцинацијата надминува 90% трета доза примиле 60 отсто, ставовите се поделени но карантинот е намален на 5 дена. Во Кина бројот на новозаболени е низок, но има нулта толеранција кај заразените.

Иран денеска за прв пат објави 3 смртни случаи од омикрон. Во Пекинг пак  е регистриран првиот случај на заразен со омикрон, така што влез во провинцијата ќе биде дозволен само со негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа.