ОМД: Правото на глас на дијаспората мора да се заштити
Обединетата македонска дијаспора (ОМД) соопшти дека ги следи активностите на работната група за измени во изборниот законик и ги осудува сите напори кои би наштетиле или би им го одзеле правото на македонските иселеници да гласаат на претседателски и парламентарни избори во Република Македонија во трите изборни единици во дијаспората.
- За нас, предлогот за одземање или дополнително отежнување на правото на глас на дијаспората претставува несфатлив потег кој укажува на длабоко непочитување кон оние кои имаат континуиран и огромен придонес за економскиот развој на Република Македонија, како и за добивање меѓународна поддршка околу пристапот на државата во Евро-атлантските институции како НАТО и ЕУ, се вели во соопштението.
ОМД укажува дека дијаспората е клучен партнер на Република Македонија и е интегрален елемент за унапредување на Репулбика Македонија во сите полиња, особено надворешната политика и економијата. Дијаспората директно придонесува 18-20 проценти од домашниот бруто производ на Република Македонија, а придонесува и за зголемување на локалната економија во земјата. Историски, Македонците надвор од матичната држава се бореле за незавизна, слободна, и суверена Македонија и откако оваа цел во 1991 год. се постигна, дијаспората продолжи да биде важен фактор за стабилноста и компетитивноста на државата. Затоа, според ОМД, дијаспората мора да продолжи да го ужива своето универзалното право на глас и да биде претставена преку свои пратеници во Собранието на Република Македонија.
Во време кога на Македонија и е потребна секоја помош, политичките субјекти треба да работат на изнаоѓање начин како да ја привлечат дијаспорта уште повеќе да и помогне на Македонија, а не дополнително да ја оттуѓуваат преку одземање на нејзиното право на глас. ОМД се залага за олеснување на начинот на гласање со воведување електронско гласање, со што би се зголемил бројот на гласачи и би се намалиле трошоците за гласање на дијаспората. Ставот на ОМД е дека Македонија треба да има и Министерство за дијаспората, како Израел, Грузија, Словенија, Србија, Косово, Ерменија, Етиопија, и други земји со цел да се продлабочи врската меѓу иселениците и татковината.
- Од Владата на Република Македонија, се уште немаме добиено одговор по ова прашање, но се надеваме дека наскоро овој предлог ќе биде сериозно разгледан и дека ќе добиеме позитивен одговор. Дијаспората поседува огромен капацитет да придонесе кон економскиот и демократскиот развој на Македонија, и затоа ги повикуваме сите политички субјекти, наместо да ја дистанцираат дијаспората и да го отежнуваат нејзиниот искрен напор да и помогне на државата, да покажат почит и јасна заложба за искористување на способностите на дијаспората со единствена цел за напредок на Македонија и подобра иднина за македонските граѓани, стои во соопштението од ОМД.
Ново на Сител
-
Муртезани: Предвремени избори при стабилна влада се несериозни изјави за дневна политика
-
Бројот на загинатите во Либан од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хезболах е над три илјади
-
Дала воена информација на Русија: Украинка осудена на 15 години затвор под обвинение за предавство
-
Совет за безбедност: Состојбата во земјата е стабилна, надлежните институции редовно ги следат состојбите во државата
-
71-годишен маж од Делчево нападнал дете
-
Скопјанка нападната во казино во Шутка
-
Баба и млад скопјанец се судриле со автомобилите, па физички се пресметале
-
Горан Весиќ најави оставка од функцијата министер за градежништво на Србија