Оливер Стоун: Дискусиите за филмот со Путин се налик на Неделата на омразата од „1984“
Американскиот режисер Оливер Стоун ги спореди дискусиите за документарниот филм „Интервју со Путин“ во американскиот печат со Неделата на омразата кон надворешниот непријател, опишана во книгата „1984“ на Џорџ Орвел.
Стоун овој став го изнесе пред „Роскаја газета“, која денеска на сајтот објави дел од интервјуто со него.
- Тоа е организирана Недела на омразата. Суштинско министерство на вистината, рече Стоун.
Режисерот додаде дека го смета за одвратен скандал „Рашагејт“, околу наводната вмешаност на Кремљ во претседателските избори во САД.
- Всушност медиумите го мразат Трамп. Тие некако ги поврзаа нив двајца (Трамп и Путин) и настана хаос. Иако никогаш не се сретнале, велат дека скроиле голем заговор, рече тој.
Романот на британскиот писател Џорџ Орвел, „1984“ го опишува животот во измислена тоталитарна држава, а главниот херој работи во Министерството за вистината, кое ги фалсификува вестите и историјата на земјата, според тековната политика на владејачите, предводени од Големиот брат.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Најголема инвестициска офанзива во општините, се гради низ цела држава
-
Мицкоски задоволен од постигнатиот консензус меѓу Македонија и Бугарија за пругата од Коридорот 8
-
Активни се 4 шумски пожари низ земјава
-
Почина 16-годишен мопедист - Излетал од коловозот
-
Преглед на вестите од светот
-
Одложен судскиот процес за судењето на Раде Трајковски - Штекли
-
Дојран оваа сезона очекува 150 000 ноќевања
-
Преглед на вестите од светот