Оливер Драгоевиќ и „Ареа” ќе настапат на „Тиквешки гроздобер“
Хрватскиот кантавтор Оливер Драгојевиќ, македонската рок група „Ареа“, Христијан Тодоровски, српскиот бенд „Зарѓали Ексер“, Наташа Малинкова и U2 Tribute Band се дел од музичките ѕвезди кои ќе настапат на годинашното издание на традиционалната стопанско-културна манифестација „Тиквешки гроздобер“, информираат од кавадаречката локална самоуправа. Традиционалниот настан ќе се одржи од 28 до 30 август.
- Настапот на Драгојевиќ е предвиден за 29 август, веднаш по завршувањето на карневалското дефиле кое ќе започне во 20 часот од кружниот тек во Кавадарци. За 28 август се предвидени концертите на Христијан Тодоровски, „Ареа“ и „Зарѓали Ексер“, додека на 30 август публиката ќе ја забавуваат U2 Tribute Band и Наташа Малинкова, истакнаа од локалната самоуправа Кавадарци.
Оттаму најавија дека листата на музичари кои ќе настапат на манифестацијата која привлекува голем број на луѓе се комплетира, па се очекува уште еден познат музичар да го потврди својот настап пред многубројните гости од земјава и странство.
Ново на Сител
-
Станковиќ: Новиот буџет ќе го развие земјоделството
-
Меѓународен ден на студентите
-
Се намалува старосната граница на дијабетичари
-
Само 20 до 30% се изградени затворените базени чија градба започна пред 5 години
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Боби Бојчевски, координатор за здравство на КСОМ
-
Владата и банките ќе ги продолжат преговорите за каматата од унгарскиот кредит за фирмите
-
СДСМ: Владата ги зголемува непродуктивните трошоци - Мицкоски: Сите капитални инвестиции ќе се завршат