-->
-->
Олимписки квалификации: Рио и Олимписките игри останаа само сон
-->

Во клучниот натпревар за пласман на Олимписките игри Македонија по првиот дел е во негатива на дуелот со Тунис од седум голови (10:17). Нашите играчи лошо го почнаа натпреварот, а противникот нашите грешки знаеше да ги казни и по девет минути игра Тунис водеше со 7:1. Во првите 15 минути Македонија постигна само три голови, а стрелец беше Кирил Лазаров, а имавме и еден промашен седмерец. По слабиот почеток во 10 минути Ристовски беше заменет и на голот застана Митревски, додека Мојсовски во првата постава влезе место Прибак.
По 10:3 за противникот нашите ракометари малку се вратија во игра и намалија на 10:6, но следуваше „двојното“ исклучување за Велко Маркоски и Јоноски и Тунис пак водеше со +7 (13:6). Во финишот на полувремето Тунис ја имаше и највисоката предност од 17:9 во 28.минута.
Во вториот дел почнавме да го бркаме резултатот што беше очекувано. Во неколку наврати ја спуштивме негативата на пет голови, но техничките грешки (лоши додавања и промашени чисти шанси) не дозволија да одиме под четири гола негатива.
На десет минути до крајот намаливме и на четири негатива (21:25 и 22:26). И малкуте шанси што ги имавме не ги искористивме промашувавме зицери имавме лоши додавања. Со таква игра не се победува Тунис, кој сосема заслужено избори пласман на Олимписките игри во Рио.
Головите кај Македонија ги постигнаа: Манасков 5, Стоилов 1, Лазаров 8, Митков 2, Миркуловски 4, Мојсовски 2, Прибак 2, Георгиевски 2.
Најефикасен кај Тунис беше: Усама Буганки со 6 голови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Драган Ковачки нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Тошковски за Сител: Централниот комитет ќе донесе одлуки во интерес на државата
-

Наскоро „Безбеден Град“ во Охрид и Струга
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

Тема на денот со Трпе Дејановски, претседател на УПОЗ
-

Од Букурешт до Кочани - две трагедии, една иста болна лекција
-

Возење без дозволи под лупа
-

Околу 40 тони марихуана се запленети во Скопје и Струмица
