Олимпик Марсеј и Атлетико Мадрид во финалето на Лига Европа
Екипите на Олимпик Марсеј и Атлетико Мадрид ќе играат во финалето на фудбалската Лига Европа.
Францускиот тим место во големото финале обезбеди откако во реванш дуелот со Салцбург одигра 120 минути. Предноста од 2-0 која Олимпик ја имаше од првиот меч во Марсеј, фудбалерите на Салцбург ја анулираа со головите на Хаидара (53 минута) и автоголот на Буна Сар (65).
Во дополнителните 30 минути (продолженијата), клучниот момент се случи во 116-миута кога по непостоечкиот корнер, Роналдо го постигна голот за Марсеј и конечните 2-1, доволни за пласман во финалето.
Своето место во финалето Атлетико го обезбеди благодарение на Диего Коста кој го постигна единствениот гол на мечот во Мадрид против Арсенал со кој „јорганџиите“ во Лондон одиграа 1:1.
Финалето во Лига Европа се игра на 16 мај во Лион.
Ново на Сител
-
Тошковски: Безбедносната состојба е стабилна
-
Анализа: Како техонологијата може да ви го спаси животот
-
Србија не се смирува, протестите продолжуваат
-
ВМРО-ДПМНЕ: Нема веќе лекови на реверс од омилената веледрогерија
-
Веќе пет дена гори депонијата кај Прилеп
-
Штипска Онкологија има недостаток од кадар и просторни услови
-
Мицкоски во касарната ,,Гоце Делчев"
-
Преглед на вестите од светот