Олеснети условите за кредити во третиот квартал, се очекува трендот да продолжи
![]()
Кредитните услови и за домаќинствата и за претпријатијата во третиот квартал годинава бележат олеснување. Податоците објавени од Народната банка во Анкетата за кредитна активност покажуваат дека натамошно олеснување на условите се очекува и во четвртиот квартал.
Податоците укажуваат на тоа дека има минимално намалување на побарувачката на кредити во споредба со претходната анкета, но оти се очекува во четвртиот квартал од годинава да има раст на побарувачката на кредитите.
Кај корпоративниот сектор поизразено олеснување има за кредитите на малите и средни претпријатија и за краткорочните. Сепак, стои во Анкетата, поголем дел од банките односно 82 отсто укажале на непроменети услови при одобрување на кредитите на претпријатијата.
Најголемо олеснување е забележано кај каматната стапка, како и во однос на барањата за обезбедување.
Кај секторот население нето олеснување на условите е забележано кај станбените и кај потрошувачките кредити. За станбените кредити, околу 59 отсто од банките укажуваат на олеснување на кредитните услови, што е највисок процент во последниве пет години. За потрошувачките кредити, пак, околу една третина од банките укажуваат на нето-олеснување на условите за кредитирање, но и натаму најголем дел од банките упатуваат на непроменети услови.
Оценетото нето-олеснување во поголем дел произлегува од каматната стапка кај двата типа кредити на домаќинства, при што значително е поизразено кај станбените кредити.
Ново на Сител
-

Макрон: Франција нема да учествува во воени операции во Ормуската теснина
-

„Кир не е Винстон Черчил“: Трамп разочаран од британската воена поддршка против Иран
-

Зеленски ја прифати помошта од ЕУ за нафтоводот „Дружба“
-

Шојгу предупредува: Поради украинските дронови, ниеден дел од Русија веќе не е безбеден
-

Утре не очекува променливо облачно и посвежо време
-

Вчера четири лица лишени од слобода за семејно насилство во Скопје, Тетово, Кичево и Куманово
-

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија
-

Кривична пријава против три физички и едно правно лице од велешко за сторени повеќе кривични дела во врска со кражба на дрва
