Оланд: Засегнатите страни да се воздржат од ескалација на украинскиот конфликт
Францускиот претседател Франсоа Оланд ги повика Русија и Украина да го спроведуваат договорот од Минск и предупреди дека нови непријателски акции би ги загрозиле изгледите за одржување избори во источниот дел на Украина, се соопштува од канцеларијата на Оланд.
Францускиот претседател, по телефонскиот разговор со украинскиот колега Петро Порошенко и германската канцеларка Ангела Меркел, повика на воздржување од каква и да е ескалација на украинскиот конфликт, се наведува во соопштението.
Оланд повтори дека Франција не го прифаќа припојувањето на Крим кон Русија, извршено во 2014 година, порачувајќи дека никогаш нема да признае дека Москва има право на таа област.
Тој, исто така, ги повика обете страни да го почитуваат договорот за прекин на огнот, постигнат во Минск во февруари 2015 година.
Ново на Сител
-
Во Oхрид забрзано се гради
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
„Не може некој со плата од 2.000 евра да кажува дека 400 евра е доволно“ – првомајски протест во Скопје
-
Кој колку троши по кафеани и се грижи за работниците – на Први мај власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања
-
0д 1-ви мај лани, до 1-во мај годинава, статус кво на работничките права
-
Традиционален првомајски пикник
-
Македонците масовно патуваат за 1 мај - најмасовна Богородица