Оланд: Неизбежно е дека Британија ќе плати цена за Брегзит

Актуелниот француски претседател Франсоа Оланд изјави во Брисел дека е неизбежно Велика Британија да плати одредена цена за Брегзит.
Според лондонските медиуми, Оланд рече дека „тоа е она за што самите Британци се определија“.
- Овде не станува збор за одмазда или за казнување (на Британија) , туку за тоа дека ЕУ знае како да ги брани своите интереси, истакна францускиот претседател, забележувајќи дека е „сигурно оти утре, Британија ќе има помалку добра позиција (во Европа), од онаа што ја има сега“.
Оланд, кој уште една недела останува во Елисејската Палата како француски претседател, учествуваше за последен пат на еден Самит на ЕУ.
Денешниот Самит беше посветен само на определувањето на заедничките позиции на ЕУ за претстојните преговори со британската влада за Брегзит.
Изјавата на Оланд е речиси идентична со претходно дадените изјави на германскиот канцелар Ангела Меркел и на австрискиот канцелар Кристијан Керм, за тоа дека официјален Лондон не треба да негува илузии дека може да ја напушти Унијата и да има исти позции како и земјите кои се членки на ЕУ.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски
-

Се помалку надеж за мир
-

Пожар во поранешен „Декортекс“, изгореа машини и магацин
-

Може ли иницијативата на Мерц да го придвижи процесот на проширување на ЕУ?
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица кои го негираат македонскиот идентитет
-

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата
-

Семејно насилство: Статистиката расте, но се буди и свеста за пријавување
-

Судството со 300 наместо потребните 456 судии, недостасува и администрација
