Оланд: Нападите во Париз се акт на војна, извршени од Исламска држава

Францускиот претседател Франсоа Оланд ја обвини денеска Исламска држава дека е одговорна за серијата терористички напади во Париз, во кои загинаа 128 лица, а 250 се повредени.
Според дел од француските медиуми, во нападите загинаа 153 лица и околу 200 се ранети.
- Тоа, што се случи вчера е акт на војна, извршен од терористичката војска - Даеш (Исламска држава), организиран во странство, помогнат од внатрешни соработници, кои истрагата ќе ги идентификува.
- Бидејќи беше нападната на кукавички и подмолен начин, со насилство, Франција ќе биде безмилосна против варварите од Даеш. Преземени се сите мерки за заштита на нашите сограѓани и на нашата територија, рече претседателот во Елисејската палата. Тој ги повика Французите да се обединети и да останат смирени.
Во обраќањето до нацијата, Оланд истакна дека војската и силите за внатрешна безбедност ќе ги преземат сите мерки за да ги неутрализираат терористите.
Мерките за безбедност се подигнати на највисоко ниво, а војската ќе патролира во Париз.
Оланд додаде дека во понеделник, на 16 ноември, ќе се обрати на вонредна заедничката седница на двата дома на парламентот и најави официјална тридневна национална жалост.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: не се оди надвор без да се постигне консензус дома
-

Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Нови апсења поврзани со проневера во „Државна лотарија“
-

Во четврток средба Муцунски – Петрова во Софија
-

Филипче: Сите лаги на Мицкоски се разобличени - ЕУ го потврди македонскиот идентитет
-

Поевтинуваат бензините и дизелот
-

Реформа на пензискиот систем веднаш – Фискалниот совет предлага повисоки придонеси и зголемување на пензии
-

Пензионерите добија три проценти повисоки пензии
