Олабавувањето на мерките и укинувањето на карантинот во Грција ќе оди во неколку фази
Постепено, во неколку фази, прво со отворање на училиштата, потоа на продавниците, а на крај рестораните и кафулињата, ќе биде олабавувањето на рестриктивните мерки и укинувањето на карантинот во Грција, според портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас.
Говорејќи за грчката телевизија „Скај“, Пецас ги објасни главните насоки на планот на Владата за декември, односно по завршувањето на карантинот на 30 ноември.
Рече дека ќе се отворат сите училишта и основните и средните, а рестораните, кафулињата и слично, планот е да почнат со работа пред Божиќ, но тоа нема да важи и за ноќните клубови и барови каде што се создава гужва.
Портпаролот на грчката Влада посочи дека во следните денови, ќе биде соопштен целосниот план за укинување на рестрикциите.
За вакцината, повтори дека ќе биде беспатна и рече дека до крајот на првата половина на 2021 година ќе постои можност, со обезбедените 25 милиони вакцини да биде вакцинирано целото население.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Татјана Чакулев, О2 иницијатива
-
Почна судењето за Беланоца
-
Мицкоски: Кога СДСМ е на власт ги злоупотребува тајните служби за да не следи
-
До Здравство доставени 8 досиеја на кардиолошки пациенти за кои постои сомнеж дека непотребно биле оперирани
-
МВР набавува 120 возила
-
Почна судењето за Беланоца
-
Македонија на 3-то место по раст во БДП според Евростат - Во 2 квартал економијата пораснала 3,4%
-
A1 со нови услуги за клиентите го прославува 6 роденден