„Оксфам“ ќе формира независна комисија за проверка на однесувањето на свои вработени
Британската хуманитарна организација „Оксфам“ соопшти дека ќе формира независна комисија за проверка на однесувањето на своите вработени по обвиненија за непристојно сексуално однесување на Хаити.
Минатата недела британскиот весник „Тајмс“ објави дека по земјотресот на Хаити во 2010 година, вработени на „Оксфам“ плаќале за секс со проститутки.
„Оксфам“, која е една од најголемите добротворни организации за хуманитарна помош, ниту го потврди, ниту пак го негираше тоа, но соопшти дека внатрешна контрола од 2011 година потврдила дека имало „непристојно сексуално однесување“ и оти се извинила.
Комисијата што ќе се формира ќе биде составена од експерти за правата на жените и ќе има пристап до архивите на „Оксфам“ и вработените, партнерите и заедниците кои ги помага.
Организацијата додава дека ќе создаде и „глобална база на податоци со акредитирани рецензенти, за да стави крај на професионалните препораки за поранеши и актуелни вработени со преправана или неточна содржина“, како и дека ќе вложи ресурси во мерки за предпазливост.
Европската комисија пред неколку дена предупреди дека е подготвена да го прекине финансирањето на партнерските организации, чии вработени се вмешани во непристојно однесување. Ставот на ЕК дојде по информациите дека вработени од британската хуманитарна организација „Оксфам“ најмувале проститутки на Хаити и Чад. Комисијата прецизира дека од 2011 година „Оксфам“ добила 1,7 милиони евра од Европската Унија за своите активности на Хаити.
- Подготвени сме да разгледаме и по потреба да го прекинеме финансирањето на секоја партнерска организација која не одговара на неопходните високи етички стандарди, соопшти портпарол на ЕК и додаде дека Комисијата очекува нејзините партнери да ги почитуваат строгите етички и професионални правила на однесување. - Немаме толеранција за случаите на обвиненија за недостојно однесување во организации, кои добиваат финансии од нас, додаде портпаролот.
Според него, се уште не е познато дали вработените од „Оксфам“ ги плаќале проститутките со средства од ЕУ и побара итно разјаснување на случајот.
Ново на Сител
-
Ѓорѓиевски: Спремен сум по изборите да го воскреснам Скопје и конечно да стане град за достоинствен живот
-
Мицкоски: Се разбира дека ќе нема данок за немажени и неженети, но ние тивко исчезнуваме и тоа поминува незабележано
-
Во Пониква заврши првата фаза од рехабилитацијата на повредените во дискотеката Пулс
-
Сончево и многу топло со мала до умерена облачност
-
МВР: Лишени од слобода шест возачи за возење под дејство на алкохол
-
Руската ПВО соборила 120 украински дронови
-
За осум часа 155 сообраќајни прекршоци во Скопје, 51 санкција за возачи на мотоцикл
-
Најниско задоволство од цените во мобилната телефонија, една третина не ги читаат договорите