Живот
28. February 2017 - 12:29

Околу 90 отсто од Романците даваат подарок на сопругите за 8 Март

Романците во градовите ќе потрошат во просек по околу 180 леи (околу 40 евра) за подароци за 1 и 8 март, покажува истражувањето, цитирано од агенција Аџерпрес.

Романците на 1 Март го прославуваат Мартишор, празник на пролетта.

Повеќето Романци и оваа година ќе се одлучат да подарат традиционални мартинки, цвеќиња, како и накит, козметика и парфеми за двата празникот.

Три четвртини од испитаниците ќе подарат подарок на мајките, покажуваат социолошките податоци.

Над 86 отсто од анкетираните мажи ќе подарат подарок на партнерките во животот.