Околу 70 илјади домаќинства во Одеса синоќа биле без електрична енергија

Околу 70 илјади домаќинства во украинскиот град Одеса синоќа биле без електрична енергија, соопшти во редовното вечерно видео-обраќање до нацијата украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Во текот на целиот ден во Одеса се работеше на обновување на снабдувањето со електрична енергија. Поголемиот дел од корисниците веќе имаат струја, но се уште има работа“, посочи тој.
Зеленски им се заблагодари на сите вработени во техничките екипи и во енергетските компании, како и на припадниците на Државната служба за вонредни ситуации, кои учествуваат во обновувањето на снабдувањето.
„До вечерва околу 70 илјади семејства се уште беа без струја. Сите неопходни ресурси се мобилизирани“, додаде украинскиот претседател.
Руските сили во ноќта спроти 9 август го нападнаа црноморскиот пристанишен град Одеса со балистички ракети и ударни дронови. Во нападот беа повредени најмалку 12 лица, а беше причинета и материјална штета на инфраструктурата.
МИА
Ново на Сител
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-транс
-

Преглед на вестите од светот
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија - расте бројот на новозаболени, повеќето се од Драчево
-

Македонија вчера го имаше најтешкиот ден годинава во борбата со пожарите
-

Голем пожар во туристички места во регионот
-

Македонците кои летуваа во Сивири чекаат безбедно да се вратат дома
