Македонија
23. September 2021 - 16:43

Околу 4.000 малолетници примиле две дози од вакцината на „Фајзер“

Едвај 4000 деца од 12 до 17 години во земјава примиле две дози на Фајзер од јули досега.

Тоа е околу 3 проценти од вкупниот број на основци и средношколци на оваа возраст. Според податоците на Министерството за здравство со прва доза има 4702 вакцинирани.

Лекари од пунктовите за имунизација потврдуваат дека интересот кај малолетните лица е зголемен со почетокот на учебната година и појавата на ковид 19 во речиси сите училишта.

- Да, интересот е зголемен. Дена над 12 години доашаат на вакцинација секако со задолжително присуство на родител. Има од сите препорачани возрасти, но некако најголем интерес има кај средношколците, вели д-р Даниела Николовска Христова од пунктот за имунизација во Букурешт.

Досега не биле пријавени посериозни контраиндикации кај малолетната популација освен болка на местото на апликација и зголемена телесна температура кои се очекувани симптоми по имунизација. Лекарите апелираат на вакцинација кај сите возрасни групи за поголема заштита од вирусот.

- Дел од децата кои се имунизирани велат дека им е страв од вирусот и затоа сакаат вакцина но и да ги заштитат лицата во семејството кои се повозрсни. Други, пак, сакаат вакцина за слободно да се движат во трговски центри, молови и да патуваат надвор од земјата, вели д-р Христова.

Пред да почне во Македонија, имунизација на деца спроведуваа повеќе земји во светот и таму процентот на вакцинирани над 12 години е многу поголем отколку во нашата земја.

Инаку, деновиве компанијата Фајзер излезе со истражување дека нивниот производ е безбеден и за деца од 5 до 11 години, но за тоа допрва ќе бараат итно одобрување од Американската агенција за храна и лекови.