Околу 400 пензионери од Куманово поднеле барања за бесплатна бања и викенд
Околу 400 пензионери од Куманово поднеле барање до Подрачната единица на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за користење на бесплатна бања и бесплатен викенд.
Од Подрачната единица на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување информираат дека рокот за поднесување барања истекува задутре.
Поголем дел од пензионерите, односно околу 300, поднеле барање за користење на бањско-климатска рекреација, а помал број околу 100 корисници на пензија поднеле барање за користење на бесплатен викенд.
Во рамки на проектот за бањско-климатска рекреација, државата на пензионерите им обезбедува шест полни пансиони, бањска терапија, задолжителен здравствен преглед и платени трошоци за превоз во висина на повратна автобуска карта. Со проектот за бесплатен туристички викенд на пензионерите им се обезбедени два полни пансиони и автобуски превоз до хотелскиот објект.
Ново на Сител
-
Со пакет од четири закони до департизација на јавниот сектор
-
Здравството пред колапс - Инфективна без доволно кадар
-
Дали дијабетичарите ќе останат без терапија?
-
Град Скопје ја објави програмата за Нова Година
-
Хуманитарна акција
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: Да се повлече законот за основно образование
-
МВР ги претставува резултатите од сработеното