Околу 40 закони го поминаа првото читање, ВМРО-ДПМНЕ не дојде во Собранието
Речиси 40 закони од различни сфери, здравство, енергетика, земјоделство, туризам, екологија,..., денеска го поминаа првото читање во Собранието со што беше исцрпен дневниот ред на 38. седница.
Пратениците продолжија со 27. седница на чиј дневен ред се девет точки од кои четири предлог-закони во прво читање, три барања за автентични толкувања и две одлуки за давање согласност за измени на Статутот на Комисијата за хартии од вредност и на Статутот на Универзитетот „Мајка Тереза.
По оваа, треба да се одржат и продолженија на уште две седници, осмата и 40-тата. На осмата седница се останати предлог-измените на Законот за јавното обвинителство и Извештајот за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2016 година, додека на 40 седница има преку 60 закони од кои два се со европско знаменце.
Во Парламентот се присутни само пратениците на владејачкото мнозинство. Столчињата на ВМРО-ДПМНЕ останаа празни.
Ново на Сител
-
ЦУК: Седум пожари и 1.837 повици на 112 во последното деноноќие
-
СДСМ: Минималната плата мора да продолжи да расте, го поддржуваме ССМ во барањата
-
Убиство во Тетово
-
Алтернатива ќе избира претседател на партијата
-
Четврто собрание на Алијансата на Албанците
-
Хамас го прифати предлогот за преговори за ослободување на израелските заложници
-
Евакуирани речиси 5800 луѓе поради пукање на брана во Кина
-
Бајден: Само Господ може да ме отстрани од претседателската трка