-->
-->
Околу 300 пензионери побарале бесплатен викенд и бањско рекреирање
-->

Околу 300 барања за користење на бесплатен викенд и бањско-климатска рекреација поднеле пензионерите од Куманово, Липково и Старо Нагоричане, соопшти денеска Подружницата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
Како што информира раководителот на Подружницата Мирослав Стојановски, пензионерите поднеле 190 барања за користење бесплатна бањско-климатска рекреација, додека 110 поднеле барање за бесплатен викенд.
- Пензионерите пројавуваат голем интерес за користење бесплатна бањско-климатска рекреација и за бесплатен викенд, изјави Стојановски.
Лани, додаде, 446 пензионери користеле бесплатно бањско-климатска рекреација и викенд.
Кумановските пензионери се рекреираат во Катлановска бања, а викендите ги поминуваат во македонските туристички центри.
Во рамки на овој проект, за бањско-климатска рекреација, државата на пензионерите им обезбедува шест полни пансиони (ноќевање со три оброка дневно), бањска терапија, задолжителен здравствен преглед и платени трошоци за превоз во висина на повратна автобуска карта. Со проектот за бесплатен туристички викенд на пензионерите им се обезбедени два полни пансиона (две ноќевања со три оброка дневно) или, пристигнување во петок попладне, а заминување во недела попладне и автобуски превоз до хотелските објекти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Лавров: Русија и САД го продолжуваат билатералниот дијалог, но не со посакуваното темпо
-

38-годишник од Скопје со возило удрил во полицаец и го повредил
-

За два дена, во Скопје приведени 10 лица кои поседувале дрога, најмладиот има 14 години
-

Јаневска: Учебниците се решен проблем, има систем и следната година нема да „прогледуваме низ прсти“
-

Кривична за лице од дебарско, вршел такси превоз без лиценца
-

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами
-

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица
-

Дијана Хрка му одговори на Вучиќ на повикот за разговор
