Околу 250.000 Романци протестираа против декриминализација на некои корупциски дела
Околу 250.000 Романци излегоа синоќа на улиците во десетина градови на протести против спорниот декрет за декриминализација на некои корупциски дела.
Бројот на демонстранти беше речиси колку и претходната ноќ, пренесува БТА.
Според проценките на романската полиција, околу 80.000 лица се собрале пред седиштетот на романската Влада на главниот плоштад во Букурешт.
Премиерот на Романија Сорин Гриндјану, чија Влада беше формирана пред помалку од еден месец изјави дека не планира да го поништи декретот на кој многумина гледаат како повлекување од борбата против корупција.
Романскиот претседател Клаус Јоханис најави дека декретот ќе биде изнесен пред Уставниот суд.
Овој суд е последната институција што би можела да го спречи законот на владејачките социјалдемократи, чиј лидер Ливиј Драгнеа е меѓу осудените за корупција.
Министерот за правда Флорин Јордаке, кој го донесе спорниот декрет за корупција, привремено му ја предаде должноста на неговиот заменик до 7 февруари.
Министерот за бизнис, трговија и претприемништво Флорин Жиано изјави дека поднесува оставка, бидејќи така му диктира совеста.
Заменик-претседателот на социјалдемократите повика на анулирање на спорниот декрет.
Уредбата на романската Влада, која подразбира и нацрт-закон за помилување на осудени лица, е критикувана како најголемо отстапување од антикорупциските реформи од 2007 година, кога Романија стана членка на ЕУ.
Со декретот ќе се овозможи декриминализација на прекршоци во врска со злоупотреба на власта, чиј износ не преминува 48.000 долари.
Ново на Сител
-
Расправија во Чаир заврши со пукање во воздух
-
Уапсени петмина во Драчево, се степале и оштетиле прозорци на куќа и автомобил
-
Поскапуваат горивата
-
Путин: Русија презема мерки за да му помогне на Иран
-
ИДФ: Нападнати шест ирански аеродроми, оштетени писти и авиони
-
Јапонскиот премиер го откажа учеството на самитот на НАТО
-
Вучиќ: Армијата е речиси целосна екипирана, одлучено е да се продолжи со концептот на дигитална армија
-
Ристески: Построги стандарди за заштита и безбедност за физички и правни субјекти кои сакаат да работат со угостителска дејност