-->
-->
Околу 2.500 мигранти спасени во Средоземното Море
-->
Околу 2.500 мигранти, кои се обидувале да го преминат Средоземното Море на пат кон Европа, се спасени од петокот, соопшти италијанската крајбрежна стража, јави ДПА.
Повеќето од нив се спасени во 18 одделни операции во петокот, а вкупно 2.550 лица веќе се безбедни.
Од организацијата "Лекари без граници" прецизираа дека доцна во петокот спасиле „гумен чамец со преплашени луѓе“.
Во спасувачките операции се вклучиле припадници на европската гранична служба Фронтекс и италијанската морнарица.
Од почетокот на годината 1.800 лица загинале во обид да го преминат Медитеранот, според Меѓународната организација за миграција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мерки против поскапувањето нема да има, ќе се води внимателна макроекономска политика
-
Фридман: Македонскиот јазик е жив и здрав
-
Заштита за „Македониум“
-
Преглед на вестите од светот
-
Пратениците во контрола на АНБ
-
СДСМ: Дали премиерот ќе го разреши Фетаи?
-
Oхридското езеро доведено до критична точка
-
Преглед на вестите од светот