-->
-->
Околу 18.000 Сиријци се вратија дома по падот на Асад
-->
Околу 18.000 Сиријци го напуштија Јордан за да се вратат во својата земја по падот на сирискиот претседател Башар ал Асад на 8 декември, соопштија денеска јорданските власти.
„Околу 18.000 Сиријци се вратија во својата земја од падот на режимот на Башар ал Асад на 8 декември 2024 година до денеска“, изјави јорданскиот министер за внатрешни работи Мазен ал Фараја за државната телевизија Ал Мамлака.
Меѓу нив, 2.300 бегалци се регистрирани во ОН, додаде тој.
Јордан, кој дели 375 километри граница со својот сосед, прими околу 680.000 сириски бегалци регистрирани во Високиот комесаријат на ОН за бегалци.
Сепак, јорданските власти соопштија дека примиле околу 1,3 милиони раселени лица од почетокот на војната во Сирија во 2011 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска