Свет
3. August 2015 - 10:17

Околу 1.700 обиди за една ноќ на мигранти да минат незаконски низ тунелот под Ламанш

Околу 1.700 обиди на мигранти да го преминат незаконски тунелот под Ламанш беа направени во изминатата ноќ од северниот француски град Кале.

Околу илјада од тие обиди биле спречени во силите на редот, а 700 се осуетени на територија на тунелот.

Еден полицаец е повреден откако бил удрен од судански мигрант. Веќе неколку недели се регистрирани масовни обиди мигранти да минат низ тунелот под Ламанш за да заминат во Велика Британија.