Македонија
11. August 2017 - 14:58

Околу 140 луѓе внимаваат на пепелиштето околу манастирот Трескавец

Ставен е под контрола пожарот што се реактивираше изутрината околу манастирскиот комплекс Трескавец кај Прилеп. Според Станко Колески, командир на противпожарната единица, екипите и доброволците успеале пожарот да го стават под контрола пред повеќе од еден час.

 
-Под контрола е целата линија на пожарот што беше околу предавателите кај манастирот Трескавец. Помош стигна од сите страни во градот, од јавните и приватните претпријатија и од месното население. Преземени се сите заштитни мерки и на теренот остануваат околу 140 луѓе за да внимаваат на згариштето. Но оптимизмот е голем дека нема да се дозволи да излезе од контрола, рече Колески.