Околу 100 млади се заразиле со Ковид-19 на забави во бич бар во Атина
Десетици случаи на Ковид-19 кај млади се регистрирани во Атина по забави организирани во познат бич бар, објавија грчките медиуми, кои пишуваат дека бројот на заразени е околу 100, јави дописничката на МИА од Атина.
Според истите информации, младите кои присуствувале на забавите во изминатите дена, преку социјалните мрежи коментираат дека тие лично или нивни пријатели се позитивни.
Телевизијата „Мега“ објави дека мнозинството од младите биле средношколци, а информативниот портал „Њуз247“ коментира дека од вчерашните нови 408 случаи во Атика, 107 се во јужното предградие на Атина, односно онаму каде што се наоѓа барот.
Познатиот атински бич бар попладнево преку Фејсбук соопшти дека до 14 јули ги откажува сите планирани забави „поради вонредните мерки за заштита на јавното здравје и поради опасноста од дополнително ширење на Ковид-19“.
Ново на Сител
-
Производителите на пченица бараат повисоки откупни цени – откупувачите не даваат
-
Тема на денот со Горан Благоев, верски аналитичар и историчар од Софија
-
Коце Трајановски нов директор на Државни патишта, СДСМ критикува
-
Чибишев и поднел пријава на Бесија Иљази зошто незаконски им исплатила 650.000 денари на договорците
-
Судскиот совет има напредок, но и уште многу работа - Реакции на меѓународната заедница
-
Радев: Мицкоски нема познавање од меѓународно и уставно право
-
Приватните превозници нема да возат, бараат исплата на долг од над 2 милиони евра
-
Ни волшебно стапче нема да помогне за учениците во седмо одделение да имаат нови учебници