ОЈО: Земени мостри за ДНК анализа од домот на починатата лекарка
Основното јавно обвинителство – Скопје соопшти дека е извршен увид во станбен објект на ул. „Елисие Поповски Марко“, спроти Клиничкиот центар во Скопје, каде што беше пронајдено телото на 53-годишната Ј.М.С., вработена како лекарка на Клиниката за нефрологија во Скопје, и работи на утврдување на причините за нејзината смрт.
При увидот кај Ј.М.С. е забележан видлив убод со нож во пределот на вратот. Телото на починатата веднаш е дадено на обдукција, а од самото место се прибрани сите материјални траги и докази кои можат да помогнат во истрагата и истите се дадени на вештачење. По наредба на дежурен јавен обвинител ќе се врши ДНК анализа на трагите од крв пронајдени на лице место. Дополнително, јавниот обвинител нареди да се обезбедат и евентуални снимки од видео надзорот на околните објекти.
Основното јавно обвинителство – Скопје информира и дека во континуитет се сослушуваат лица кои би можеле да помогнат во расветлување на настанот.
Ново на Сител
-
Кадарот во хотелско угостителскиот сектор болна тема
-
Заштитена средновековната кула на локалитетот Пирго, дел од одбранбениот систем на Цар Самоил
-
Преглед на вестите од светот
-
Поништен изборот за судија во Стразбур, Владата формираше нова комисија
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокат
-
Приведено лице поради обид за подметнување пожар кај брана Водоча, обвинителството бара притвор
-
Владата бара нови кандидати за ЕСЧП
-
Собранието му изгласа недоверба на обвинителот Коцевски