OJO со детали за убиството во Капиштец: Пијан пукал во арачиновецот па со кундакот го удирал по главата

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во казино на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, каде едно лице беше лишено од живот утринава.
Според првичните сознанија, починатиот маж на возраст од 46 години, во казиното пристигнал заедно со уште три лица, во видно алкохолизирана состојба. Извесно време играле на апаратите, а потоа жртвата започнал да се расправа и да се турка со едно од лицата со кои бил заедно во казиното. Другите двајца се обиделе да ги раздвојат, но осомничениот извадил пиштол и неколкупати пукал во оштетениот. Потоа со кундакот од пиштолот го удрил повеќе пати во пределот на главата. Жртвата им подлегнала на повредите на лице место. Се трага по лицето за кое постои сомнение дека го извршило убиството.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Ќе се врши вештачење на траги и докази подигнати од лице место и ќе се разговара со сведоци на настанот. Обезбедени се снимки од видео надзорот на објектот.
Ново на Сител
-

ВМРО ДПМНЕ: Филипче игра бугарско сценарио
-

Руте во Букурешт: НАТО е подготвен да ја брани секоја педа од територијата на Алијансата
-

Големи полициски сили распоредени околу српскиот парламент каде се одржуваат собири и поддржувачи на мајка која штрајкува со глад
-

Путин размислува за продолжување на руските нуклеарни проби доколку тоа го направат и САД
-

До 1 февруари забрана за риболов на сите видови риба на Мавровско Езеро, река Радика и нејзините притоки
-

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови
-

По американското тестирање ракета, Путин го свика рускиот Совет за безбедност
-

Обвинителството бара притвор за скопјанец осомничен за разбојничка кражба, провалил во куќа и украл над 1.500 евра
