-->
-->
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-->

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице кое е осомничено за нанесување телесна повреда согласно член 130 став 2 од Кривичниот законик.
Во семејниот дом на улицата „Бутелска”, на 20 јуни, осомничениот 54-годишник, во алкохолизирана состојба, ja навредувал својата сопруга, а потоа и физички ја нападнал, удирајќи ја со чадор по телото и главата. Од многубројните удари оштетената започнала да крвари и да губи свест, па влечејќи се успеала да стигне до дворот и од таму повикала помош.
Ценејќи ги сите околности, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мисајловски: Владината коалиција покажа дека е стабилна
-

Локални избори 2025
-

Мицкоски во посета на Брвеница и Кичево
-

Ацевски се повлече од функцијата претседател на општинската организација на СДСМ
-

Локални избори 2025
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Борис Кондарко, претседател на Државната изборна комисија
-

Изборен молк
