ОЈО предложи притвор за две лица за сообраќајката во која загинаа татко и син
Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднело Предлог за определување мерка краткотраен притвор за две лица за кои се во тек проверки на сомненијата дека сториле кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 298 став 1 од Кривичниот законик.
- Се преземаат дејствија со кои се испитува одговорноста на двете лица за сообраќајната несреќа која се случи вчера на автопатот Скопје – Куманово, на околу два километри пред наплатната станица Миладиновци, во која автомобил „Мерцедес“ удри во товарно возило, сопственост на правно лице ангажирано на проект за изведување работи на патот, кое било запрено на сообраќајна лента од автопатот. Во несреќата животот го загубија возачот на автомобилот „Мерцедес“ и неговиот малолетен син, се наведува во денешното соопштение од Јавно обвинителство на Република Северна Македонија.
Основното јавно обвинителство Скопје издало наредба за сообраќајно техничко вештачење, наредба за анализа и утврдување на присуство на алкохол, опојни дроги, психотропни супстанци и други прекурсори, во крвта и урината на возачот на товарното возило, наредба за обдукција на телата на починатите, барање за вонреден технички преглед на патничиот автомобил, како и барање за вонреден надзор од страна на Државниот инспекторат за транспорт и инспектори од областа сообраќај и патишта на местото на настанот, односно на дел од автопатот Скопје – Куманово, каде што се вршат градежни работи на патот.
Дополнително се преземаат мерки со цел да се извршат проверки дали на местото на настанот каде што се изведувале работи на пат биле преземени сите мерки за соодветна сигнализација пред и околу местото каде што се изведуваат работите.
- Имајќи предвид дека Јавниот обвинител во овој момент се уште нема донесено Наредба за спроведување истражна постапка, а бидејќи станува збор за кривично правен настан во кој е потребно да се преземат повеќе истражни дејствија со цел испитување на евентуална кривична одговорност, јавниот обвинител побара на двете задржани лица да им биде определен краткотраен притвор од 48 часа со цел да се обезбеди нивното присуство и натамошното водење на постапката, стои во соопштението од Јавно обвинителство на Република Северна Македонија.
Ново на Сител
-
Приведени двајца криумчари на мигранти
-
„Македоина Делије Радовиш“, го утнаа името на земјата од каде доаѓаат | ФОТО
-
Пожар во магацин на Железници во Кисела Вода, горат стари вагони | ФОТО
-
Австралија предлага забрана на социјалните мрежи за помлади од 16 години
-
Бајден брза да испрати помош за Украина пред инаугурацијата на Трамп
-
Барселона против Звезда постави рекорд стар 74 години
-
Просечната температура во 2024 година ќе го надмине прагот од 1,5 степени
-
Министерството за енергетика ќе ги додели ваучерите за инвертер клими за граѓаните