ОЈО поднесе обвинение за разбојништво во маркет

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за оружен грабеж во маркет во Чаир.
– На 20.11.2019 година, обвинетиот влегол во маркет во Чаир и извадил пиштол марка “EKOL Special 99” со калибар од 9 мм и му се заканил на оштетениот – сопственик на маркетот. Му наредил да се тргне од касата, посегнал преку пултот, ја отворил касата и одзел пари од дневниот промет во вкупен износ од 5.000 денари. Во тој момент, во маркетот влегло уште едно лице кое се нафрлило врз обвинетиот со намера да го заштити оштетениот, па обвинетото лице бил совладано и му било одземено оружјето, информираат од ОЈО.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и Посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот, со оглед на тоа што и натаму постои опасност од бегство, како и можност тој да влијае врз сведоците и веројатност да го повтори истото или да изврши слично кривично дело.
Обвинението е за кривично дело – Разбојништво од член 237 од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-

Филипче: Не се плашиме од Груби, кој прекршил закон нека одговара
-

Судење за „Пулс“
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

За првпат од воведувањето на Сејф Сити: Вчера не е фатен ниту еден возач како минува низ црвено светло
-

Судење за „Пулс“
-

Обдукцијата покажа дека и двете жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт
-

Обвинителите бараат политичарите да не ги коментираат одлуките на Обвинителството
-

Рокас охрабрен од динамиката на реформите за борба против корупцијата
